Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски до Мицкоски: Дали на домашни и странски политичари им велиш дајте ми власт и ќе го сменам Уставот?

Претседателот Димитар Ковачевски од трибината од Куманово вечерва упати прашање до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Дали на странските политичари кои доаѓаат во државата, вклучитечлно и на домашните политичари, на состаноците што ги има со нив им вели: “Дајте ми власт и ќе го сменам Уставот“ Нека одговори па нека чујат и странците и нашите граѓани“, истакна Ковачевски.

Ковачевски порача дека Христијан Мицкоски е упашен и нервозен, затоа постојано бара предвремени избори, затоа што како одминува времето Апасиев му ги зема гласовите а вчера и самиот Мицкоски лично го призна тоа,

„Храброст не е да седиш на страна, да се криеш зад Апасиев, да правиш штета на својата земја и да бараш предвремени избори. Храброст е да засукаш ракави, да обезбедиш струја, вода, енергија во време на најголема криза.Храброст е да обезбедиш најголем пакет антикризни мерки на Балканот додека целиот свет страда. Храброст е да се донесе Буџет со нова економска визија за економска пресвртница. Храброст е да се обезбеди македонскиот идентитет еднаш засекогаш. А најголема храброст е да се донесе тешка одлука за иднината на земјата а не да се криеш како заложник зад Апасиев, потенцираше Ковачевски во Куманово.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК