17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСПОРТ

Хаос во Брисел по мечот Белгија – Мароко: Хулигани палеле, уништувале автомобили, ги кршеле, медиумите пренесуваат дека се Мароканци (ВИДЕО)

На Светското првенство во Катар, репрезентацијата на Мароко денеска ја победи Белгија со 2:0. Веднаш по натпреварот почнаа да пристигнуваат шокантни снимки од главниот град на Белгија, Брисел.

Повеќето светски медиуми објавија драматични фотографии и видеа од хаосот од Брисел, кој настана кога голем број Мароканци излегоа на улиците на овој град.

Искршиле неколку автомобили, искршиле неколку стакла на згради.

Силни полициски сили веднаш излегоа на улиците за да ја стават под контрола бурната толпа.