Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Акција на полициските единици во Центар и Бит Пазар: Уапсени двајца млади кои украле пари од скопјанец, парите вратени ка оштетениот

По преземени оперативни мерки и активности од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, на 25.11.2022 лишени од слобода биле Џ.М.(18) и Д.М.(20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека истиот ден на Кеј “Димитар Влахов“ во Скопје извршиле разбојничка кражба врз С.Б.(26) и му одзеле пари.

По лишувањето од слобода, кај нив бил пронајден нож на преклопување, како и пари во различни апоени, а кои што потекнувале од извршеното кривично дело.

По насоки на надлежен обвинител од ОЈО Скопје од страна на оштетениот и уште едно лице сведок било извршено препознавање, а по целосно документирање на случајот против осомничените ќе биде поднесена кривична пријава по член 238 од КЗ на РСМ.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +