Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски на патот Крупиште-Кочани: Делницата наскоро ќе биде во функција, се зголемува безбедноста во сообраќајот

„Втората фаза од изградбата на експерсниот пат Штип-Кочани во должина од 13,75 километри наскоро ќе биде готова и ставена во функција. Градежните работи се одвиваат со задоволителна динамика за овој период од годината, и до овој момент имаме 96% реализација“ рече премиерот Димитар Ковачевски при увид на работата на патот Крупиште-Кочани.

Тој рече дека патот е со висок квалитет на градба и со дозволена максимална брзина од 110 километри на час.

„Првата фаза Штип – Крупиште во должина од 14,30 километри е завршена во 2020 година и е веќе во функција. Со изградбата на експресниот пат се овозможува брзо и современо поврзување помеѓу Штип и Кочани, со што ќе се забрза и олесни патувањето за граѓаните од овој крај, ќе се намалат километрите пат и времетраењето на патувањето, но најважно од сѐ ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека изградбата на современа патна инфраструктура во земјата е еден од приоритетите на оваа Влада, а во источниот дел на државата резултатите од работата се особено видливи, бидејќи речиси и да нема патна врска која не е рехабилитирана во овој регион.

„Модерната патна инфраструктура е важна и за граѓаните и за компаниите но и за новите инвеститори. Новите инвестиции значат и нови, подобро платени работни места, а за тоа да се случи, квалитетните патишта се еден од предусловите“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +