19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

„Илинден“-Тирана: Фала за бугарските книги во Пустец, ќе бидат добри за потпала

Македонското друштво „Илинден“-Тирана остро реагира по „последователната активност на бугарската амбасада во Пустец, во напорите за асимилација на Македонците“.

Во реакцијата друштвото најпрво прави приказ на реалната состојба со постоењето единствено на припадници на македонското малцинство, по чии барања наставата се одвивала на нивниот мајчин македонски јазик.

Ваквата вековна состојба никако не им одговара на сонувачите на санстефанскиот сон за Голема Бугарија. Затоа тие почнаа интензивен атак врз Македонците во Албанија за тие да се одродуваат и да се пишуваат Бугари. Во тоа донекаде им успева бидејќи со текот на годините гледаме дека има лица кои плукаат на мајчиното млеко и се задојуваат со бугарски отрови. Тие се и оние изроди од македонските предци кои најмногу помагаат во „наоѓањето на нови Бугари во Албанија, стои во реакцијата.

Се додава дека тие исти изроди, кои за жал, со лаги, прикривање и измама на македонското население, успеаја да ја добијат нивната доверба и да влезат во раководните структури на единствената македонска општина во Албанија, Општина Пустец.

– Токму таму и токму во селата кои погоре ги спомнавме, деновиве била во „добродетелска посета“ бугарска делегација. Така „за доброто на Бугарчињата“ делегацијата во придружба на изродите и плукачите по сопствената македонска крв, подарила неколку столчиња и бугарски книги. Секако, сето тоа придружено со помпезни изјави за јавноста и објави на официјалната интернет страна на бугарското Министерство за надворешни работи, се наведува понатаму.

Во оваа прилика, македонското друштво „Илинден“-Тирана „се заблагодарува на сите досегашни и идни дарители за подарените бугарски книги, кои во овие зимски месеци ќе бидат добредојден материјал за потпалување на домашните печки во македонските куќи“.

-Исто така, ја користиме приликава да ги потсетиме македонските владини и невладини претставници кои ги „посетуваат“ Македонците во Албанија да не парадираат пред нив туку да преземат конкретни чекори за искоренување на бугарскиот крлеж од македонското ткиво во Албанија, порачува друштвото на крајот од реакцијата.

Спонзорирано: