Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Изминатите пет години Владата изгради двојно повеќе километри патишта од претходните 10 години

„Изградбата на патиштата е стратешки приоритет на кој остануваме целосно посветени. Изминативе пет години, Владата изгради патишта во должина од околу 1.300 километри, значи двојно повеќе од претходниот десет годишен период, кога биле направени само околу 650 километри“ изјави премиерот Димитар Ковачевски при уводот на работите на патот Крупиште-Кочани.

Тој додаде дека модерната патна инфраструктура е важна и за граѓаните и за компаниите, но и за новите инвеститори кои отвораат нови и подобро платени работни места.

„Изградбата на современа патна инфраструктура во земјата е еден од приоритетите на оваа Влада. Како и во изминатите години. И во време на пандемија и сега во услови на најголемата светска економско – енергетска криза интензивно се работеше на изградбата и реконструкцијата на главните патни делници во земјата. Темпото и динамиката продолужуваат и понатаму“ рече Ковачевски.

Премиерот рече дека во источниот дел на државата резултатите од работата се особено видливи, бидејќи речиси и да нема патна врска која не е рехабилитирана во овој регион.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК