22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: 2023 година е година за економска пресвртница, на нова надеж

Нема недостижна цел, 2023 година е година за економска пресвртница, на нова надеж, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашната трибина Силно и одлучно во Тетово.

Ние, во исклучително тешки околности успеавме да го одржиме буџетот стабилен, да не крахира, да го одржиме енергетскиот систем и да обезбедиме храна, енергенси , греење и струја, додаде Ковачевски.

-Ако пред 10 месеци клучното прашање беше дали ќе успееме да обезбедиме храна, пари, струја и нафта, денеска клучното прашање е можеме ли заедно да го пребродиме последниот дел од економската бура или не. Имаме уште многу работа, тоа секако, бурата е се уште во тек. Но стојам овде пред вас и со сето мое економско и менаџерско знаење, со сиот резултат во изминатите 10 месеци ви велам ДА, можеме.

Заедно ќе успееме да ја поминеме зимата, заедно ќе успееме да ја пребродиме последната глобална економска бура и од наредната година ќе биде подобро, рече претседателот на СДСМ, Ковачевски.

Нема недостижна цел. 2023 година е година за економска пресвртница, на нова надеж, потенцираше тој.

-Ако во првите десет месеци ја држевме цврсто економската линијата за борба против кризата, за наредната година и новиот Буџет тоа е промена, пресвртница од каде што тргнуваме во офанзива. Конечно да ја победиме кризата, да почнеме да економски да растеме, да го зголемиме животот стандарди и да се погрижиме следната година да стане подобра од оваа. Да направиме општествени промени со нашите економски политики за енергетска транзиција, за обезбедување финансиска поддршка и пресвртница во развојот на домашната економија, рече Ковачевски.

После 10 месеци, макотрпна работа, труд, многу непроспиени ноќи создадовме и реализиравме пакети антикризни мерки вредни 760 милиони евра. Најголеми во регионот според БДП. Не само според мене, не само според Владата, туку според Светската банка, додаде Ковачевски.

-После 10 месеци можеме да кажеме успеавме. Со антикризните мерки ја спасивме македонската економија, го поддржавме стандардот на граѓаните, компаниите, ранливите граѓани кога беше најпотребно, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски на вечерашната трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Тетово.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Животниот стандард паѓа, платите во Македонија се 35% од европскиот просек а цените над 60%

ДЕСК

Костова: Без Левица, Трајко Славески, непријателот на идејата за покачување минимална плата, немаше да биде Претседател на Совет на Град Скопје

ДЕСК

Уште една измама со лажна сообраќајка, тетовчанка измамена за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци

ДЕСК