16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Алексовски: Да се обединиме зад концептот на прогрес, напредок и иднина

Тетово давало и секогаш ќе дава огромен придонес за СДСМ. Нашата борба за СДСМ тука во Тетово е многу поразлична од било кое друго место. Тетово, градот на различностите во секој сегмент, Тетово кое мора да ги почитува со најголема сензитивност овие различности за да може да обезбеди соживот. И обезбедува, од тука сме горди на концептот Едно општество, на сите коалиции сегашни и идни, порача претседателот на ОО Тетово Живе Алексовски, на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Тетово.

Алексовски истакна дека Тетовчани се мудри луѓе кои може само еднаш да се залажат, но не и да се прелажат.

Тоа се случи на предвремените локални избори годинава, тука каде се најсензитивни националните чувства, нашите опоненти успеаа да држат тензија со лага која ја пропагираа, за која сега сите се убедени дека испадна голема победа. Победа за татковината, победа за Македонија горда, идентитетски заштитена, позната по своите најубави особености како нашиот јазик и исправена пред портите на ЕУ, рече Алексовски.

Претседателот на ОО Тетово нагласи дека на локалната интерес коалиција помеѓу Беса и ВМРО-ДПМНЕ и остана само да се фали со проекти за кои борбата се водеше токму преку општинска организација на СДСМ и владата предводена од СДСМ.

Тоа што ВМРО скроз заборави на сите проблеми на градот го компензираше со послушничко кревање рачиња во замена за некое бедно директорско место во и онака нефункционалните локални институции, рече Алексовски и го повика граѓаните на единство зад концептот на прогрес напредок и иднина.

Сега е време кога треба да се издигнеме себеси над личните очекувања, да не дозволиме ваквите препреки да ни го сечат патот и да ни ја блокираат иднината. Сплотени, заедно како никогаш досега, спремни и оваа генерација да остави трага, силно и одлучно да го издигнеме нашето Тетово во духот на европските вредности, порача претседателот на ОО Тетово Живе Алексовски, на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Тетово.

Спонзорирано: