Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Доаѓа СНЕГ и во градовите и селата, студ и температури под нулата – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Утре претпладне ќе биде променливо облачно, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во сабота времето ќе биде претежно облачно, а во недела и во понеделник претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат претежно од снег каде ќе се формира снежна покривка.

Прогноза за 27.11.2022
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 2°C до 9°C

Облачно и студено, од пладне со врнежи од дожд, на повисоките места и на планините со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Прогноза за 28.11.2022
Минимална температура: -1°C до 4°C
Максимална температура: 3°C до 9°C

Облачно и студено, претпладне со локални врнежи од дожд, на повисоките места и на планините со врнежи од снег.

Прогноза за 29.11.2022
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 4°C до 11°C

Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +