Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Прва посета на германскиот претседател во Македонија, најавени средби со државниот врв и екипата на „Медена земја“

Германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмајер од 29 ноември до 1 декември ќе престојува во официјална посета на земјава.

На официјалната страна на германскиот претседател се наведува дека посетата е со фокус на ситуацијата во регионот, влијанието на војната во Украина и тековната поддршка на Германија за перспективите на земјата за пристапување во ЕУ.

Ова е прва посета на Штајнмаер во Македонија.

Во Скопје се планирани политички разговори на 29 и 30 ноември, меѓу другото, со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, а Штајнмајер треба да се обрати и во Парламентот, да се сретне со млади луѓе во Претседателскиот центар за политичко образование, да разговара со филмската екипа на филмот „Медена земја“ и да го посети првиот ветерен парк во земјата во Богданци.

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМ ЗА ВРЕМЕТО: Четврток носи пообилни врнежи и грмежи – објавена е четиридневна прогноза

ДЕСК

Ова е најновата вчерашна објава на Никола Груевски на социјалните мрежи, после тоа го нема

ДЕСК

ЗЕМЈОТРЕС ОД БУДИМПЕШТА: Идниот премиер најави дека ќе го испорача Никола Груевски во Македонија!

ДЕСК