Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Продолжен домашниот притвор за насилникот кој нападна новинарска екипа на ТВ24

Кривичниот суд го прифати предлогот од обвинителството и ја продолжи мерката куќен притвор за 30 дена, на насилникот кој физички нападна новинарска екипа на ТВ 24.

Претходно Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог за кривично дело насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Обвинетиот 67-годишник, на 14 ноември, со грубо навредување и со грубо насилство ја загрозил сигурноста на телевизиска екипа која снимала прилог во близина на неговиот дом“, се вели во соопштението од Обвинителство.

Оттаму објаснуваат дека „тој најпрвин вербално, а потоа и физички го нападнал снимателот, удирајќи го со десниот лакт кон левата долна вилица и нанесувајќи му телесна повреда – набиеница. Кај присутните сведоци на настанот – новинар и возач на телевизиската екипа, обвинетиот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв“.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Терор од брзите кредити со амин од власта – изнудувачи доаѓаат дома и ги заплашуваат семејствата

ДЕСК

Митева: Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски број за жртвите од семејно насилство со цел правна помош и советување

ДЕСК

Перински: Здравствениот систем е првиот контакт на жртвите на насилство, затоа е многу битно здравствениот работник да има утврден протокол и правилник за помош

ДЕСК