Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Казнети 127 возач за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (22.11.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 127 возачи.

Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 57 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 70 надвор од населено место.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ПРОНАЈДЕНИ 30 ЛЕНТИ СО ТАБЛЕТИ КАЈ БИТОЛЧАНЕЦ – 37-годишник лишен од слобода

ДЕСК

МАЛОЛЕТНИЧКА ОД ПРИЛЕП ПРИЈАВИЛА НАПАД – Според пријавата, ја нападнале вонбрачниот партнер и неговиот татко

ДЕСК

СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 18 °C – Какво време нè очекува денеска?

ДЕСК