Centar.mk
фото Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-МАКЕДОНИЈА

Шамбевски: Создаваме генерација млади луѓе кои нема да молчат пред насилството

На денешната панел дискусија во рамки на кампањата „16 дена активизам“, под мотото „Сплотени дејствуваме, одлучни против насилство“, во организација од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ се обрати Борис Шамбевски, потпретседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ кој порача дека насилството не смее да се прикрива зад навидум прифатливо однесување или шеги, а жртвите никогаш не смеат да се чувствуваат оставени сами во справувањето со последиците.

„Не смееме да дозволиме во нашето општество позади навидум прифатливо однесување или шегување да се кријат насилници со малициозни намери, она што мораме ние да го направиме за жртвите да не се осеќаат дека се сами е прво да ја поставиме оваа граница, а од таа граница понатаму јасно и недвосмислено ги стигматизираме сите видови на насилство и едноставно никој да не помисли дали тоа ќе биде млад човек или ќе биде постар човек, дека преку насилство може да се популаризира, треба да воспоставиме една општествена клима во којашто на никого нема да му падне на памет заради реакцијата од општеството и жртвата нема никогаш повторно да се чувствува дека е сама во справување со последиците од насилството“, рече Шамбевски.

Шамбевски нагласи дека Унијата на млади сили ќе продолжи со активности и по завршувањето на кампањата „16 дена активизам“, со цел преку едукација, подигнување на свеста и препознавање на раните форми на насилство да придонесе кон создавање генерација млади луѓе кои нема да молчат и да се повлекуваат пред насилството, туку активно ќе реагираат и ќе се залагаат за безбедна средина за секој млад човек.

„Нема да дозволиме ниту еден млад човек да се осети дека не може да учи, да расте, да се развива без притоа да има страв дека ќе стане мета на насилство, токму тоа ние нема да го дозволиме. Како Унија на млади сили искрено веруваме дека првиот чекор кон превенирањето токму почнува од едукацијата и од препознавање на раните форми на насилство. Нема да застанеме на овие 16 дена активизам, туку ќе направиме серија на активности во коишто ќе ја креваме свеста кај младите луѓе дека ова едноставно не може повеќе да продолжи понатаму вака, ќе инсистираме да може секој еден од нас прво да ги препознае раните форми на насилство, а потоа да искреираме генерација на храбри, млади луѓе коишто при гледање на насилства нема да се повлекуваат туку напротив ќе реагираат“, дециден е Шамбевски.

 

фото Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски: Обезбедуваме сместување, правна и психолошка помош за жртвите на семејно насилство

ДЕСК

Јаневска: Со годишните програми училиштата се задолжени да работат со учениците против врсничкото насилство, така активно се бориме против оваа појава

ДЕСК

Велковски: Ја зајакнуваме координацијата помеѓу институциите за заштита на жртвите од семејно насилство

ДЕСК