Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Османи се сретна со висок функционер на НАТО: Единството и солидарноста меѓу сојузниците е најмоќниот адут на Алијансата

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретна со помошникот генерален секретар на НАТО за разузнавање и безбедност Дејвид Катлер, на која беа разменети мислења за актуелните политичко -безбедносни состојби во земјата и регионот, со фокус на руската воена агресија врз Украина.

На средбата министерот Османи ја реафирмираше поддршката на Северна Македонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и потребата од зајакнување на присуството на НАТО во нашиот регион, што е особено значајно за зачувување на безбедноста и заштита од странски малигните влијанија во Западен Балкан.

Двајцата соговорници се согласија со оценката дека променетото безбедносно опкружување, во контекст на руската воена агресија врз Украина, генерира зголемени безбедносни ризици, при што единството, кохезијата и солидарноста меѓу сојузниците преставува најсилниот и најмоќниот адут на алијансата.