17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Томовски и Мицкоски како паразити од ВМРО-ДПМНЕ со тендери во ЕЛЕМ од 60.000 евра

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ е партијата на паразити и тоа е докажано со факти и документи.

Додека граѓаните осиромашуваа и тонеа во сиромаштија функционери од ВМРО-ДПМНЕ земале огромни суми на народни пари, како на месечно така и на годишно ниво.

Повеќе од 93.000 евра пари од граѓаните завршиле кај Мицкоски во тој период на ВМРО-ДПМНЕ а кај Гордана Кочоска Димитриевска над 67.000 евра.

Но тука не завршува листата на паразите од ВМРО-ДПМНЕ.

Ивица Томовски, човекот што секој ден од белиот дворец, од симболот на криминалот и корупцијата, зборува за паразити и самиот е паразит на ВМРО-ДПМНЕ кој земал огромни пари од граѓаните во време на ВМРО-ДПМНЕ.

Томовски од ВМРО-ДПМНЕ со потпис на неговиот шеф Мицкоски бил избран за Управител на ЕЛЕМ Турс ДООЕЛ Скопје во 2017 година, позиција на која само од плати тој од граѓаните зел над два милиони денари или над 30.000 евра.

И тука не е крајот, токму Томовски пред да биде избран од Мицкоски за управител на ЕЛЕМ Турс добивал тендери токму од ЕЛЕМ за чистење на деловните простории преку приватна фирма Сити логистик.

Томовски на тој договор вреден над 2,6 милиони денари или над 42.000 евра е потпишан како управител на фирмата Сити Логистик.

Од другата страна, потписник е тогашниот директор на АД ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски.

Двоецот Мицкоски – Томовски потпишал уште еден договор вреден околу еден милион денари или близу 16.000 евра.

Срамно и безобразно е денес токму Томовски да зборува за паразити кога тој и Мицкоски во време на најголема сиромаштија, кога минималната плата беше 8.000 денари, се богателе на грбот на граѓаните.

Ништо не го менува фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е партија на паразити- стои во соопштението на СДСМ