10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го доведе Скопје во колапс, нема нормален јавен превоз

Соопштение на СДСМ:

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ го доведе во колапс јавниот превоз и создаде хаос во функционирањето на Град Скопје,

За првпат во историјата, Скопје остана без јавен автобуски превоз и тоа поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека ЈСП тоне во долгови, договорот со едниот приватен превозник е прекинат, а вториот приватен превозник денеска нема да вози затоа што не му се исплатени долговите.

Додека јавниот сообраќај е во хаос никаде ги нема новите автобуси што ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги ветуваа, ниту ја има фабриката за електрични автобуси што шпицниот градоначалник Мицкоски ја најавуваше.

Арсовска и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во скопските општини се најнеуспешните градоначалници, немаат проекти, немаарт решенија, знаат само да ги партизираат општините и парите на граѓаните да ги трошат на луксуз.

По Скопје 2014, ВМРО-ДПМНЕ му приеди нова катастрофа на главниот град, каде не функционираат ниту основните комунални услуги, а развој, проекти и инвестиции воопшто нема.

Спонзорирано: