Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МакедонијаТОП ВЕСТИ

Во Брисел ќе се отвори билатералниот скрининг состанок за Поглавјето 24 „Правда, слобода и безбедност“

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска во Брисел ќе го отвори тридневниот билатерален скрининг за Поглавје 24, „Правда, слобода и безбедност“.

На состанокот, на кој ќе присуствува и државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу-Халили, членовите на Работната група ќе ја презентираат позицијата и нивото на усогласеност на правниот систем на Северна Македонија пред претставниците на релевантните генерални директорати на Европската комисија во однос на acquis на ЕУ поврзани со миграцијата, азилот, судска соработка во граѓански прашања, соработка во областа на борбата против дрогата, соработка во областите на царината, визната политика, полициската соработка и борбата против организираниот криминал, соработката меѓу единиците за финансиско разузнавање, организираниот криминал, судската соработка во кривичната материја, борбата против тероризам, Шенген, фалсификување и надворешни граници.

Македонскиот преговарачки тим е составен од претставниците на Работната група за Поглавје 24, „Правда, слобода и безбедност“ кои доаѓаат од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Министерство за одбрана, Министерство за надворешни работи, Министерство за здравство, Јавно обвинителство, Народна банка, Управа за финансиско разузнавање и Секретаријат за европски прашања.

Надлежна институција за ова поглавје е Министерството за внатрешни работи, а работната група е предводена од координаторот на Поглавјето 24, началничката на секторот за преговори и евроинтеграција при МВР, Светлана Влаховиќ Димановска.

Презентациите од страна на македонскиот тим за Поглавјето 24, во рамки на Кластер 1, „Фундаментални вредности“, ќе траат до 24ти ноември и ќе дадат солидна основа за подготовка на скрининг-извештајот што Европската Комисија ќе го подготви и ќе го испрати до Советот на ЕУ на понатамошна постапка, од кој ќе зависи и динамика на преговорите во ова поглавје.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
Ова се сите неработни денови за новогодишните и божикните празници во 2023 година

Со доаѓањето на крајот на старата 2022 година, многумина се прашуваат кои се неработните денови кои следат во декември и јануари со цел да си го испланираат слободното и празнично… Прочитај повеќе

Ковачевски до Мицкоски: Не е храборст да се криеш зад Апасиев и да бараш предвремени избори затоа што си уплашен

Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев се совршена комбинација за хаос и деструкција, порача вечерва претседателот Димитар Ковачевски на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Куманово. Ковачевски истакна дека… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе