Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Струмица во солзи: Во тешка сообраќајка загина млад струмичанец, повредени се две лица

*фотографијата е илустративна

На 19.11.2022 околу 18.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локалниот пат Ново Село – с.Мокриево, струмичко, С.С.(45) од с.Мокриево, управувајќи патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал сопатникот С.Т.(38) од с.Мокриево, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Возачот С.С. и сопатникот Д.Д.(44) од с.Мокриево се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Ако регионот се обедини, може да понуди реализација на проекти во енергетиката во висина од четири илјади милијарди во следниве 10 години

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО ВОНРЕДНО МЕТЕОПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се за невреме проследено со дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Прегазено 11 годишно дете – итно пренесено во клиничка болница

ДЕСК