Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утре променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно време кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степени.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Времето во наредните денови

Утре ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Кон крајот на денот под влијание на циклонска активност, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Во петок наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините ќе се формира нова снежна покривка.

За време на викендот ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК