5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАКУЈНА

НАЈДОБРА СЛАВСКА САЛАТА СО ВАРЕНИ ЈАЈЦА! Рецепт кој мора да го пробате – ова треба да го има секоја домаќинка на својата маса

Празничната сезона е добро во тек, а за да имате што подобра празнична трпеза, ви препорачуваме да направите солена салата со варени јајца и кисели краставички. Ќе имате одлично мезе за славење, а вашите гости ќе бидат воодушевени.

Состојки:
250 гр варено говедско месо (или месо по избор), 3 кисели краставички, 3 чешниња лук, 3-4 варени јајца, 130 гр ореви, мајонез

Подготовка:
Месото сварете го и ситно исечкајте го. Сомелете ги оревите, изрендајте краставици, ситно исечкајте ги варените јајца.

На чинијата ставете подвижен прстен за поубаво обликување на салатата.

Поставете ги состојките по следниот редослед: Месо, мајонез, кисели краставички, мајонез, варени јајца, мајонез, јаткасти плодови.

Солената салата ставете ја во фрижидер 2 часа, па извадете ја и декорирајте по желба.