Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Нова трагедија во струмичко: Во тешка сообраќајка загинаа уште две лица

Ова е втора несреќа со смртни последици на ова место за 24 часа

Маж и жена од селото Мокриево загинаа на лице место попладнево откако со возило излетале на патниот правец кон Колешино.

Според информациите на полицијата автомобилот марка пасат завршил во канал, а за да бидат извадени телата интервенирале и пожарникарните.

Од полицијата го потврдија настанот, велат дека мажот и жената имале 70 и 69 години. Неофицијално несреќата се случила поради неприлагодена брзина.

За само 24 часа ова е втора сообраќајка со смртни последици во струмичко, со оглед дека синоќа на патот Мокриево – Ново село во тешка сообраќајна несреќа загина 38 годишник, а две лица биле тешко повредени.

*фотографијата е илустративна

Струмица во солзи: Во тешка сообраќајка загина млад струмичанец, повредени се две лица

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК

МАКЕДОНСКИОТ ПАСОШ ОТВОРА 114 ДЕСТИНАЦИИ СО ОЛЕСНЕТ ВЛЕЗ – Но не секаде може да се патува без виза

ДЕСК