3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски од Охрид: Нема да има рестрикции за струја, енергетскиот и топлинскиот капацитет е обезбеден

„Нашиот енергетски и топлински капацитет е Ковачевски од Охрид: Нема да има рестрикции за струја, енергетскиот и топлинскиот капацитет е обезбеденобезбеден целосно и подготвен за зимата. Бидете спокојни, рестрикции за струја нема да има, обезбедивме доволно енергија. Гледате дека во други земји од нашето опкружување има рестрикции но кај нас нема, работиме така да биде и во целата зима“ рече премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски одговарајќи на прашања од гарѓаните на граѓанската трибина во Охрид.

Тој апелираше сите да бидат одговорни и рационално да ја трошат струјата, бидејќи одговорноста е заедничка и со рационален пристап заедно ќе заштедиме големи средства.

„Никој не е оставен сам и никој нема да биде оставен сам. Допревме до секое семејство во земјата. Ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари а пензиите за една година за 16.00%. Во календарска година тоа е најголемо зголемување досега. Ја субвенционираме цената на струја за сите домаќинства, за 72.000 компании и ранливи семејства со 80% од реалната цена. Обезбедивме топли училници во речиси 500 училишта и соодевт аподдршка за компаниите во време на криза“ кажа Ковачевски.

Премиерот додаде дека и антикризните мерки вродија со плод, бидејќи почнаа да се намалуваат цените на храната. СО мерката за обезбедување на поевтина струја за прехранбената индустрија, премиерот Ковачевски очекува и намалување на цените на лебот, млекото, месото и останатите основни производи за најмалку 10 отсто.

„Веќе го трансформираме нашиот енергетски систем. Спроведуваме енергетска транзиција, со нашето македонско сонце да ја создадеме Македонија како иден зелен енергетски центар на Европа. На овој начин обезбедуваме зелена, еколошка и многу поевтина струја но и водиме во процесите за иднината“ рече Ковачевски.

Спонзорирано: