19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ковачевски: Изградбата на автопатот Кичево-Охрид мора и ќе добие на динамика

„Десната автопатска лента од Требениште кон Охрид е завршена и пуштена за сообраќај под времен режим освен кај Подмоље каде се одвиваат градежните работи за колекторскиот систем. Овој пат, мора и ќе добие на динамика затоа што инфраструктурата значи интензивирање не економските релации, и ние мора да вложуваме во патна инфраструктура ако сакаме развој на економијата“ рече премиерот Димитар Ковачевски при увидот на работата на автопатот Кичево – Охрид.

Тој додаде дека веќе се става асфалтна подлога во тунелот, се работи на електричната инсталација и хидрантската мрежа.

„Ние како Влада ги решаваме наследените проблеми, патната инфраструктура за оваа Влада не е предизборно ветување, проект за политички поени. Патната инфраструктура за Владата што ја предводам значи поврзување на државата со другите земји од Европа, значи странски инвестиции, економски развој на земјата, побрз трансфер на луѓе и производи, развиен туризам и пред сè безбедни и сигурни патишта за граѓаните“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека е свесен оти работници кои го градат овој автопат се соочија со многу предизвици во изминативе години, поради огромни пропусти во самиот проект и дека беа потребни години за да се пробијат тунелите под превојот Пресека.

„ Работниците се соочија со многу проблеми во утробата на планината што дополнително ја одолговлечи работата на терен, па плановите за работа мораше да се адаптираат според условите на терен. И тоа беше само еден сегмент што требаше да се надмине, промашена траса, неусогласеност на проектната документација и состојбата на терен, дислокација на далекуводи, телефонски кабли, водоводни инсталации, индивидуални и стопански објекти, бидејќи беа на самата автопатска траса“ рече Ковачевски.

Спонзорирано: