11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Грковска – Корман: Пристапните преговори за членство во ЕУ овозможуваат брзи и квалитетни реформи

Во рамките на Глобалниот Форум 2022, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, имаше средба со генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Матијас Корман, со кого разговараа за можностите за поголема експертска поддршка за Република Северна Македонија, особено во рамките на процесот на унапредување на институционалните капацитети.

Вицепремиерката Грковска информираше за приоритетите на кои е посветен и кои ги координира нејзиниот кабинет, а се насочени кон дигитална трансформација на општеството, креирање на антикорупциски политики, како и градење на професионални, одговорни, отчетни и ефикасни институции.

Таа оцени дека е многу важно за клучните реформи, вклучително и во делот на јавната администрација, да има консензус за тие да бидат долгорочни и одржливи.

Вицепремиерката Грковска се заблагодари за поддршка што ОЕЦД и СИГМА и ја даваат на нашата држава, што е особено важно сега, кога ги почнавме преговорите со Европската Унија.

Генералниот секретар на ОЕЦД, Корман го поздрави почетокот на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија и оцени дека пристапните преговори овозможуваат брзи и квалитетни реформи.

Во таа насока, двајцата соговорници се согласија дека е неопходно во наредниот период да се унапреди меѓусебната соработка, особено во однос на експертска поддршка за клучните реформи што нè очекуваат.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.