8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Директорот на БЈБ м-р Сашо Тасевски во Словенија на состанок на Шефови на полициските служби во рамки на Брдо Процесот

На 17-18 ноември 2022 година во Порторож, Република Словенија, се одржува состанок на Шефови на полициските служби во рамки на Брдо Процесот, на кој учествува и директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, м-р Сашо Тасевски.

На состанокот во рамки на Брдо Процесот беше истакната важноста од зајакнувањето на соработката на земјите од ЕУ со земјите од Западен Балкан и европските агенции како ЕВРОПОЛ и ФРОНТЕКС, која е од круцијална важност со оглед на појавата на нови миграциски патишта и состојбите со илегалната миграција и криумчарењето на мигранти. Директорот Тасевски во своето обраќање пред присутните колеги истакна дека Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во целост ги поддржува и активно учествува во иницијативите во рамки на Брдо Процесот и дека единствено преку постојано зајакнување на заедничката оперативна соработка и побрза и поефикасна размена на информации на билатерално и мултилатерално ниво можеме да ја обезбедиме стабилноста и безбедноста на нашите држави и граѓаните.

Работниот престој во Порторож директорот Тасевски го искористи и за билатерални средби со министерката за внатрешни работи на Република Словенија Татјана Бобњар и со вршителот на должност Генерален директор на словенечката полиција Боштјан Линдав, при што главни теми на средбите беа состојбите со миграцијата на Западен Балкан и во регионот. Министерката за внатрешни работи на Република Словенија изрази подготвеност и поддршка за земјите од Западен Балкан на патот кон ЕУ и го истакна значењето од соработката помеѓу земјите во рамки на Брдо Процесот, потенцирајќи дека новите модуси на криумчарење наложуваат креирање на нови иницијативи за справување со нив. Генералниот директор на словенечката полиција Линдав на средбата со директорот Тасевски, пак, рече дека токму воспоставувањето на национални оперативни контакт точки и наменска мрежа во рамки на Брдо Процесот ќе бидат од голема важност за зајакнување на соработката на меѓуинституционално ниво и постигнување на конкретни резултати во борбата со криумчарите на мигранти.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје – Најголемиот и најдобро организиран меѓународен настан во историјата на нашата држава

ДЕСК

20% зголемени плати во јавните установи за социјална заштита, соопшти ВМРО ДПМНЕ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Коцевски да си поднесе оставка и да не го држи обвинителството во заложништво заради служба на партиските интереси на СДС и ДУИ

ДЕСК