Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Тренчевска: Новите форми на договори за вработување се неизбежност во сите современи економии, вклучително и кај нас

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска со воведно обраќање ја отвори конференцијата „Нови форми на вработување на променливиот пазар на трудот“, во организација на Меѓународната организација на трудот, Здружението за трудово и социјално право и Фондацијата Импакт.

Министерката   истакна дека во услови на висок технолошки развој неизбежна е појавата на променливост  на  пазарот на труд, што води кон воспоставување на нови форми на вработување, а со тоа се  наметнува и потребата од нивно уредување. И затоа, темата на која се дискутира е од особено значење, затоа што како креатори на политики од  областа на трудот, мислењето и вклученоста на сите релевантни фактори во државата, но и поддршката и соработката со меѓународните актери се почитува.

„Договорот за вработување е одлична основа за воспоставување на професионален и коректен однос меѓу работникот и работодавачот, при што и двете страни имаат права и обврски кои произлегуваат од работниот однос. Работникот, има право да биде информиран за своите законски права, а во случај на спор, ако има основа да биде и обештетен. Договорот за вработување е исто толку суштински важен  и за работодавачот, кој,  покрај  обезбедувањето на соодветна работна сила, која ги знае своите права и обврски и со која има јасно дефиниран  однос, обезбедува и заштита на неговите  права и  интересите на бизнисот,“ рече Тренчевска.

Министерката посочи дека уредувањето на договорите за вработување е само еден од елементите и  измените во  новиот Закон за работните односи, на кој подолго време се работи.

„Верувам дека наскоро ќе биде готова и финалната верзија на новиот Закон за работни односи, по што ќе биде поставен на енер, согласно законската регулатива во нашата држава. Ќе бидат оддржани и јавни расправи ширум државата , за да можат што поголем број на организации, институции, граѓани,  со коментари се вклучат во неговото финализирање а со тоа да го подобриме работното законодавство во државата,“ истакна Тренчевска.

Таа изрази уверување дека споделените знаења и искуства и дискусии на конференцијата ќе дадат дополнителен придонес во натамошното конципирање на договорите за вработување, на новите форми  на договори, кои стануваат неизбежност во сите современите економии, вклучително и кај нас.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
Ова се сите неработни денови за новогодишните и божикните празници во 2023 година

Со доаѓањето на крајот на старата 2022 година, многумина се прашуваат кои се неработните денови кои следат во декември и јануари со цел да си го испланираат слободното и празнично… Прочитај повеќе

Ковачевски до Мицкоски: Не е храборст да се криеш зад Апасиев и да бараш предвремени избори затоа што си уплашен

Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев се совршена комбинација за хаос и деструкција, порача вечерва претседателот Димитар Ковачевски на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Куманово. Ковачевски истакна дека… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе