Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Донесени уште три закони во рамки на 91. седница

Собранието, во рамките на 91. седница, која започна вчера (16.11.2022 година) донесе уште три закони.

Со 62 гласа „за“ е дополнет Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство.

Законот за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка беше изгласан со 41 глас „за“.

Законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања пратениците, исто така, го донесоа со 41 глас.

Претходно Собранието на Република Северна Македонија, во рамки на 91.седница донесе пет одлуки од кои четири за испраќање на претставници на Армијата во меѓународни мировни операции.

Можеби ќе ве интересира

Во акција на Царина, на зелениот пазар во Чаир запленети 135 кг тутун

ДЕСК

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

ДЕСК

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НА АВТОПАТОТ – Уапсен државјанин на Египет осомничен за кражба во Охрид

ДЕСК