Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Средба на претседателот Пендаровски со генералниот директор на Меѓународната организација за миграции, Антонио Виторино

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими генералниот директор на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), Антонио Виторино.

На средбата се разговараше за тековните активности на организацијата во Република Северна Македонија во однос на прашања врзани со миграцијата.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за севкупната поддршка што организацијата ја дава на македонските институции во градењето капацитети за менаџирање на миграцијата, заштитата на мигрантите, борбата против трговијата со луѓе, како и поддршката во усогласување на системот за управување со миграцијата со правото на Европската Унија.

Претседателот Пендаровски ја истакна посветеноста на Република Северна Македонија за развој на одржлива и сеопфатна рамка за управување со легалната и нелегалната надворешна миграција, согласно усвоената национална Резолуција на мигрантската политика 2021-2025 година.

Можеби ќе ве интересира

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата

ДЕСК

ДОЖД, МАГЛА И СИЛЕН ВЕТЕР ВО МАКЕДОНИЈА – Повардарието под налети над 50 км/ч, еве каде ќе врне

ДЕСК

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК