Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Го сменија начинот: За поставените бомби во скопските училишта бараат 15.000 евра

Седум скопски училишта утрово добиле дојави за поставени бомби. Според првичните и се уште неофицијални информации, во денешните пораки испратени на и-меил за прв пат бил побаран и откуп.

Наводно, училиштата добиле идентичен меил во кој им се бара да платат 15.000 евра, но нема насоки како би се извришло плаќањето.
Дојавувачите наводно прецизирале дека бомбите кои ги имаат поставено нема да ги оштетат училишните згради но дека ќе има многу жртви.

Проблемот со дојавите за бомби во средните скопски училишта трае веќе подолг период и веќе сериозно ја нарушува наставата на учениците, кои практично 2 пати неделно мора да ги напуштат објектите поради евакуацијата која што ја врши полицијата.

За среќа, сите дојави се лажни, но полицијата сепак мора да ги изврши потребните проверки.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА Е СВЕТА ПЕТКА – ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК: Еве што се верува во народот и кои обичаи се поврзуваат со овој ден

ДЕСК

ВИ БАРААТ УВЕРЕНИЕ ДЕКА НЕ СТЕ ОСУДУВАНИ – Каде се издава, како се добива онлајн и дали секој работодавач смее да го бара?

ДЕСК

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата

ДЕСК