Centar.mk
КУЛТУРА

Промоција на книгата „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски

На 16 ноември (среда) 2022 година, со почеток во 12.00 часот, во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, ќе се одржи промоција на поетската книга „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски. Книгата е добитник на наградата ,,Браќа Миладиновци’’ за 2022 година што ја доделува фестивалот Струшки вечери на поезијата.

За наградената книга ќе зборува Марија Ѓорѓиева а стихови ќе интерпретира актерот Андреј Серафимовски.

Настанот ќе се одржи во Спомен соба ,,Т’га за југ”.

Зоран Анчевски (1954) е поет, есеист, литературен преведувач и професор по англо – американска литература. Автор е на 8 поетски книги и приредувач и уредник на голем број поетски антологии, избори и прозни дела на врвни светски автори на македонски јазик.

За своето творештво ги има добиено наградите Студентски збор,Браќа Миладиновци, и престижното меѓународно признание Ѓакомо Леопарди во Италија.

Член е на ДПМ и на Македонскиот ПЕН центар..

Можеби ќе ве интересира

„Матица македонска“ ја објави „Кругови“ од Санде Стојчевски

ДЕСК

„Загубениот збор“ од наградуваната Оја Бајдар објавен во превод на македонски

ДЕСК

Промоција на „ИНА“ од Весна Мојсова-Чепишевска во сабота

ДЕСК