Centar.mk
БИЗНИС

Изгласани законите за задолжување на државата кај ММФ и Светската банка

Собранието по скратена постапка ги усвои законите за задолжување на државата кај Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка.

Законот за задолжување кај ММФ со кредитна линија за претпазливост и ликвидност беше донесен со 53 гласа „за“ и 19 воздржани. Потоа, пратениците го донесоа и Законот за задолжување кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, по скратена постапка. За овој закон „за“ гласаа 52 пратеници, а 18 беа воздржани.

Со кредитната линија за претпазливост и ликвидност од ММФ треба да се обезбедат 530 милиони евра.

По завршување на 92. седница, Собранието ја продолжи 88. пленарна седница.

Можеби ќе ве интересира

ПАДНА ОДЛУКА ВО РКЕ: Дизелот поскапува за 14,5 денари

ДЕСК

Инфлацијата на годишно ниво е 2,9 отсто

ДЕСК

Започна светската криза: цените на нафтата достигнаа 118 долари за барел

C +