Мандарините спаѓаат во групата на омилени цитрусни овошја на повеќето луѓе и најчесто се јадат во зима.
Иако наликуваат на нивниот далечен роднина, портокалот, тие се две сосема различни сорти на овошје од исто семејство.
Мандарините се помали, помеки, полесни за лупење и послатки од портокалите.
Сепак, и покрај нивната големина, тие не заостануваат во однос на хранливи материи во споредба со нив. Содржат околу 85 проценти вода, само 50 калории на 100 g и се вистински рудник за витамин Ц. Само една мандарина може да задоволи дури 43 проценти од дневните потреби на човечкото тело за тој витамин.
Мандарините имаат висока содржина на бета-криптоксантин, антиоксиданс, изобилува со калиум, витамини од Б комплексот, односно Б1, Б6 и Б9, калциум – едноставно кажано, тие се извор на здравје.
Ви пренесуваме што се случува со нашето тело ако јадеме мандарини секој ден.
Поради изобилството на витамин Ц, мандарините поволно делуваат на нашиот имунитет, кожата, срцето или на целото тело.
1. Сјајна кожа
Мандарините се богати со витамин Ц, кој и помага на кожата да формира ново сврзно ткиво. Исто така, обезбедува создавање на провитамин А и селен во телото, што го забрзува обновувањето на клетките и го прави тенот свеж, блескав и младешки.
2. Зајакнување на имунитетот и коските
Витаминот Ц не само што е корисен за кожата, туку и го зајакнува имунитетот, што е особено важно во зима поради бројните вируси. Исто така, спречува болести и го подобрува расположението. Ова овошје содржи и мала количина на калциум, кој ги зајакнува коските.
3. Идеален за слабеење
Мандарините се идеални за ужина, особено ако сакате да изгубите тежина. Содржат само 50 калории на 100 грама. Исто така, оние под кожата имаат бела мембрана која повеќето луѓе ја отстрануваат откако ќе ја лупат мандарина, иако не треба.
Имено, таа мембрана содржи соединенија кои го поттикнуваат согорувањето на мастите, па затоа мандарините помагаат и при слабеење.
4. Го штити срцето
Антиоксидансите во мандарините, како и калиумот, можат да го подобрат здравјето на срцето и да ги намалат факторите на ризик за срцеви заболувања.
Имено, мандарините ја подобруваат функцијата на крвните садови, го намалуваат нивото на триглицеридите и ЛДЛ (лошиот) холестерол во крвта. На овој начин се намалува ризикот од атеросклероза, односно стеснување на артериите предизвикани од таложење на маснотии, што е најчеста причина за срцеви заболувања, пишува порталот Сретна.
5. Внимавајте со количината
Иако се исклучително здрави, експертите предупредуваат дека не треба да се преувеличува со количината на внесени мандарини. Препорачаната доза е до 7 парчиња дневно. Премногу витамин Ц може да доведе до проблеми со желудникот и варењето, односно може да доведе до дијареа.