22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕ

ПРЕСТАНЕТЕ ШТО ПОБРЗО – Еве зошто е опасно да ги чистите ушите со чепкалки

Ушниот восок се формира со акумулација на мртви клетки од кожата и други материи од ушниот канал, па може да предизвика затнување на увото или непријатност.

Лекарите препорачуваат да не се чисти ушниот восок освен ако не предизвикува проблеми со слухот или едноставно има премногу. Дали го знаете вистинскиот начин да го исчистите од ушниот восок?

Сода
Растворете половина кафена лажичка сода во 60 ml топла вода, користејќи зовриена вода што се изладила. Истурете ја смесата во шише со пипета и навалете ја главата на страна. Капнете неколку капки од смесата во увото и оставете да отстои еден час пред да ја исплакнете со вода. Постапката повторувајте ја еднаш дневно, максимум две недели, додека не исчезне восокот.

Плакнење со масло
Користете природни масла како бебешко масло, кокосово масло, глицерин, минерално или маслиново масло за плакнење на ушите. Истурете го маслото користејќи шише со пипета со главата навалена на страна. Држете го свиткано пет минути и повторете го два пати на ден. Маслото го омекнува восокот што може да му помогне полесно да испадне од каналот.

Плакнење на увото
Навалете ја главата настрана, ставете крпа под увото и користете шише со пипета за нежно да капнете вода во ушниот канал. Оставете ја водата да отстои внатре за да се овозможи темелно плакнење што помага да се ослободите од заробениот ушен восок. Експертите исто така велат дека овој метод може да се комбинира со претходните два, но тогаш потребно е претходно да се измие увото 5 до 15 минути пред еден од овие два методи.