Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarНаправи Сам

НЕВЕРОЈАТЕН ТРИК: Ставете лук во wc-школката, резултатот ќе ве воодушеви

Покрај тоа што речиси секое јадење е незамисливо без него, лукот може да се користи и за други намени. Лукот содржи алицин, кој му дава силен, специфичен мирис.

Покрај силниот мирис, алицинот е многу ефикасен во борбата против бактериите и габите, не само во нашето тело туку и на други места во домот, поточно во бањата.

За да го дезинфицирате тоалетот на сосема природен начин, ви предлагаме навечер да вметнете во него исчистено парче лук и да го оставите преку ноќ.

Наутро доволно е само да ја испуштите водата, а тоалетната школка ќе се дезинфицира.

Ако го повторувате овој процес двапати неделно, ќе има многу помалку бактерии во садот, а се вели дека лукот ги уништува жолтите наслаги околу работ на тоалетната школка.