21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

ЕСМ: АД Скопје Север одби да го потпише договорот, тие се одговорни за прекин на греењето во Чаир и Бутел

Со Договорот се предвидува АД ЕСМ да му помогне на приватниот субјект АД Скопје Север со средства од државниот буџет во набавката на гас за потребите на испорачување греење кон дел од корисниците на градот Скопје. Средствата треба да бидат обезбедени со гаранција од страна на АД Скопје Север.


АД ЕСМ нема правен основ да му дава директни субвенции на АД Скопје Север, но може да помогне само преку договор за деловно техничка соработка кој приватниот субјект одбива да го потпише. Доколку АД Скопје Север не сака да ги прифати истите услови кои важат за сите други субјекти кои испорачуваа топлинска енергија за над 58 илјади потрошувачи, одговорноста за прекин на греењето на 500 потрошувачи кои ги снабдува во општините Чаир и Бутел паѓа исклучиво на АД Скопје Север, порачуваат од ЕСМ.

„АД Скопје Север одби да го потпише договорот, затоа што овој субјект бара неповратни средства, односно смета дека треба да му се исплати финансиска помош која не треба да ја врати, иако АД ЕСМ истите средства ги должи кон државниот буџет. Скопје Север бара субвенционирање директно од АД ЕСМ, кое нашата компанија ниту има правен основ, ниту смее да го прави, односно смее да постапува исклучиво по задолжението од Владата и во рамките на одобрениот договор од страна на Владата“, велат од ЕСМ.

Владата на 94-та седница донесе Заклучоци со кои го задолжи АД ЕСМ да склучи договор за деловно техничка соработка за грејна сезона 2022/2023 година , со иста содржина како и договорот склучен за 2021/22 година, со кој ќе се регулираат сите права и обврски на Друштвото Скопје Север АД Скопје.

Со Договорот се предвидува АД ЕСМ да му помогне на приватниот субјект АД Скопје Север со средства од државниот буџет во набавката на гас за потребите на испорачување греење кон дел од корисниците на градот Скопје. Средствата треба да бидат обезбедени со гаранција од страна на АД Скопје Север.

После потпишување на договорот и после правењето на пресметки за цената за топлинската енергија кои треба да се достават во Влада и да се побараат субвенциите за грејната сезона 2022/23, додаваат, АД Скопје Север ќе ги добие субвенциите, исто како и топланите Исток, Запад и Енергетика.

„Од примените субвенции и од остварената наплата од потрошувачите, АД Скопје Север ќе треба да ги врати средствата кон АД ЕСМ, примени како помош со договорот“, велат од ЕСМ.

Спонзорирано: