16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Денес се празнуваат Св. Козма и Дамјан, честит именден и домашна слава. На овој празник се посветуваат молитви за болните…

Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и по дух, родум негде од Азија, од татко незнабожец и мајка христијанка. По смртта на татко им нивната мајка Теодотија целото време и труд ги даде на тоа да ги подигне и воспита синовите како вистински христијани. И Бог ? помогна, та нејзините синови израснаа како две слатки овошки и како два светилници на светот. Беа научени на лекарската вештина и бесплатно им помагаа на болните не толку со лекови колку со името на Господ Исус Христос. Ги нарекоа бесребрени лекари, бидејќи лечеа бесплатно и така ја исполнуваа Христовата заповед: „Бесплатно примивте, бесплатно давајте!“ (Матеј 10, 8). Беа толку внимателни во бесплатното лечење на луѓето што Козма вистински се налути на својот брат Дамјан зашто овој зеде три јајца од една жена Паладија, па нареди Козма по неговата смрт да не го закопуваат до брат му Дамјан. Всушност Свети Дамјан не ги зеде оние три јајца како награда зашто ја исцели болната Паладија, туку затоа што таа го заколна со Пресвета Троица да ги земе оние три јајца. Сепак по нивната смрт, во местото Фереман беа закопани заедно според Божјо откровение. Овие Свети браќа беа големи чудотворци и за време на животот и после смртта. На еден слуга на спиење му се беше вовлекла змија низ устата во стомакот и кутриот човек ќе издивнеше во најтешки маки, ако во последен миг не ги повикаше на помош Светите Козма и Дамјан. Така ги прослави Господ со чудотворство засекогаш оние коишто Го прославуваа Бога на земјата со вера, чистота и милост.

Тропар
Свети бесребреници и чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи; бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Кондак
Откако примивте благодат за исцеленија, им давате здравје на оние што се во неволја, лекари и чудотворци преславни! Но, со вашата посета, соборете ја дрскоста на воините, лекувајќи го светот со чудеса.

Можеби ќе ве интересира

Дневен хороскоп за 16-ти август 2025

ДЕСК

Ако сакате да ослабете, ова е најдобриот додаток на вашиот пијалок

C +

Дневен хороскоп за 15-ти август 2025

ДЕСК
вестМАКЕДОНИЈА

Одбележување на Светскиот ден на дијабетесот – 14 Ноември

ДЕСК

Во рамки на годинешните програмски активности на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК, посебно место завзема одбележувањето на 14ти Ноември – Светскиот ден на дијабетесот, што овој пат ќе се реализира под глобалното мото препорачано од Меѓународната федерација за дијабетес (IDF): “Едукација за заштита на иднината“ со основна порака насочена кон интензивирање и сеопфатност на едукацијата и информираноста во поглед на дијабетесот. И тоа подеднакво, и како самосвесна цел на секој што се соочува и живее со оваа состојба, и како цел на здравствените и други институции.

БАЛАНС МК насочувајќи го фокусот кон неопходноста од исцрпна но и континуирана едукација на сите лица со дијабетeс, што впрочем е една од примарните заложби на Асоцијацијата изразена преку мноштвото едукативни проекти и работилници во изминативе години, по повод Светскиот ден на дијабетесот, 14ти Ноември ќе реализираме настан на кој што ќе се реафирмира потребата од квалитетна едукација на децата со дијабетес тип 1, на нивните родители и блиски, но и на сите лица со дијабетес, независно дали станува збор за дијабетес тип 1 или тип 2. Дополнително, со оглед дека во изминативе две години поради состојбите со ковид-пандемијата децата на кои всушност примарно им е наменето делувањето на БАЛАНС МК, беа под своевидна изолација, овој пат и тие со свои активности не само што ќе бидат вклучени во настанот, туку нивните активности ќе завземат централно место на настанот.

Имено, тргнувајќи од основната премиса декларирана на светско ниво – дека постојаната едукација и веродостојните информации се суштински во квалитетното справување и превенција на дијабетесот, идејата е да се нагласи есенцијата во едукативно инвестирање на секој поединец засегнат од дијабетесот но и во отвореноста и подготвеноста на институциите – пред се здравствените, но и воспитно образовните – да бидат дел од еден заеднички механизам насочен кон образование на лицата со дијабетес. И секако, кон широкиот јавен аудиториум – со оглед на епидемиските размери што ги поприма состојбата дијабетес во последнава декада.

Настанот ќе се одржи во галерискиот простор на Мала Станица. На настанот децата ќе имаат креативна работилница, каде што со двајца тренери психолози по Гешталт Арт терапија користејќи разни техники (колаж, боја, мозаик и слично) тие ќе изработат голем постер токму на темата за потреба и пристап до едукација и преку нивната креативна работа ќе испратат порака на јавноста. И, простор каде што во условно кажано официјалниот дел пред јавноста ќе се аргументира и испрати порака за оправданоста и бездруго нужноста од постојана едукација, за достапност до релевантни информации, за потребата од институционална кооперативност. Воедно, ќе биде промовиран и почетокот на работата на веб порталот  “Инсулинска Порта“ креиран од страна на БАЛАНС МК – како медиум кој што потпирајќи се на сите современи стандарди за функционирање на јавен сајбер сервис најголемиот простор во своето работење ќе го посвети токму на едукацијата и информирањето за дијабетесот на сите читатели.

На самиот настан покрај членови на БАЛАНС МК, се поканети г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на Претседателот на РСМ, во својство на промотор на јавната свест за детскиот дијабетес во Македонија, претставници на Министерството за здравство и ФЗОМ, потоа претставници на медицинската фела инволвирани во третманот со дијабетесот, претставници на фармацевтски компании од областа на дијабетесот, подржувачи на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК, како и претставници на медиумите.

Инаку, целиот настан следствено планираната агенда и траење (во периодот од 18,30 часот до 20,00 часот) е замислен според следната програма:

 

18,30 часот – Креативна детска работилница

19,00 часот – Отварање и поздравно обраќање на г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски

19,05 часот – Обраќање по повод одбележувањето на Светескиот ден на дијабетесот, 14 Ноември, на Министерот за здравство на РС Македонија, г-динот Беким Сали

19,10 часот – обраќање на Проф. Д-р  Зоран Гучев,  почесен претседател на Баланс МК

19,15 часот – Проф. Д-р Елена Шукарова – Ангеловска, Клиника за детски болести -Ендокринологија и член на Националната Комисија за дијабетес

19,20 часот – кусо обраќање на Наташа Деспотовска Димитриевска, претседател на БАЛАНС МК – Асоцијација за детски дијабетес на Македонија

19,25 часот – промотивно претставување на едукативно–информативниот портал Инсулинска Порта, д-р Стојан Николиќ

19,30 – формален крај на настанот

Можеби ќе ве интересира

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

C +

Утре, променливо облачно време, попладне краткотраен дожд и грмежи

C +

ЗНМ алармира: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

ДЕСК