24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Спасовски за CENTAR.mk: Безбедносната состојба е стабилна – Македонија е во друштво на 36 најбезбедни држави во светот

Спасовски во интервју за CENTAR.mk вели дека безбедносната состојба во државата е стабилна, а МВР целосно и успешно ја врши својата работа да ја гарантира безбедноста на секој граѓанин во нашата држава.

– Во оваа насока говори и годинешното рангирање на Глобалниот индекс за мир, според кој денеска Република Северна Македонија е најбезбедна држава на Западен Балкан, во друштвото на 36 најбезбедни држави во светот, односно четири позиции повисоко рангирана од лани, со скок од 67 места од 2017, кога сме биле на 103 место на ниво на светот. Проценувајќи неколку аспекти на мирот, вклучително и општествената безбедност, Глобалниот индекс на мир е корисна алатка за анализа до каде сме стигнале во нашите заложби. Континуираниот напредок на државата според Глобалниот индекс на мир колку што е резултат на спроведувањето на поставените приоритети на ова раководство, подеднакво е заслуга на вработените во институцијата која претставува гарант на безбедноста и сигурноста, но и на граѓаните. Без нивната поддршка, без партнерството кое го воспоставивме со граѓаните, резултатите немаше да бидат ни толку брзи и евидентни, ниту континуирани, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасосвки во интервју за Centar.mk.

– Затоа со право можам да кажам дека денес полицијата е институција со најголема доверба меѓу граѓаните и најтранспарентна во своето работење според релевантните истражувања. И тоа е исклучително важен резултат за самото чувство на безбедноста на секој граѓанин посебно, вели Спасовски.