Centar.mk
КУЛТУРА

Промоција на книга ,,Зошто ме тргаш од ѕвездите?‘‘ од Леонардо Змајшек

Младиот активист, маркетер, двократниот национален дебатен првак, награден на Model United Nations New York 2022 – Леонардо Змајшек ја издаде и својата прва книга раскази ,,Зошто ме тргаш од ѕвездите?‘‘.
Чест ни е да ве поканиме на промоцијата што ќе се одржи на 11 ноември 2022 (петок), во читалната на СУГС ,,Орце Николов‘‘ во Скопје со почеток од 19 часот. За книгата ќе говорат новинарката и критичарка Александра Јуруковка, дизајнерот Итан Георгиевски и авторот.

„Зошто ме тргаш од ѕвездите?“ содржи 8 раскази пишувани во период од една година.

,,Неговата книга и емо­тивниот вртлог во неа, за повозрасните читатели може да биде и силна шлаканица или одговор на прашањето ­каков свет им оставаме на нашите деца?” ќе запише рецензентот Јуруковска.

Можеби ќе ве интересира

Утре ќе биде промовиран „Немам страв“ – психолошкиот трилер што отвора ново поглавје за современата македонска книжевност

ДЕСК

Утре ќе биде промовирана монографијата „Време на прекршувања – време на Голи Оток“ од Виолета Ачкоска

ДЕСК

„Читаме денес за подобро утре“ – прва ваква зелена акција на издавачка куќа во Македонија

ДЕСК