18.8 C
Скопје
21. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Спасовски од Маврово Ростуше: Она што Владата предводена од СДСМ и коалицијата ќе го вети тоа и го исполнува

Фејсбук статус на Оливер Спасовски:

Она што Владата предводена од СДСМ и коалицијата ќе го вети тоа и го исполнува – ви ветив дека ќе биде реконструирано Полициско Одделение Ростуше, денес тоа е реалност. Ветив дека ќе има базна станица за лични карти, и тоа е реалност. Од 2017 година наваму работиме посветено под мотото „Задоволна и опремена полиција-безбедни граѓани” и така ќе продолжиме.

Исполнување на ветеното и многу нови проекти – на средби со граѓаните во Маврово Ростуше разговаравме за проектите кои што се во тек и кои значат реализацијата на ветувањата на СДСМ дадени пред граѓаните за време на предвремените локални избори:

▶️Започна реконструкција на повеќе улици во Велебрдо
▶️Се прави потпорен ѕид во Жировница
▶️Потпишани се договори и наскоро започнува релизација на проектот за водовод во Аџиевци со поддршка на Владата
▶️Паркинг во селото Требиште

Сите овие нови проекти кои се реализираат директно придонесуваат за развој на регионот и исполнување на ветувањата на СДСМ.
Продолжуваме силно и посветено, да инвестираме насекаде, со поддршка на локалната самоуправа, да работиме во насока на рамномерен регионален развој, а се со цел обезбедување на подобар живот за сите граѓани.