Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ со офанзива трибини и средби со граѓани „Силно и одлучно кон иднината“ – Денеска во Струмица и регионот

Граѓанска трибина на СДСМ во Струмица, под наслов „Силно и одлучно кон иднината“.

Трибината ќе се одржи денеска со почеток во 20.00 часот во спортската сала „Парк“ во Струмица, а на која, меѓу другите, ќе присуствува и дел од највисокото раководство на партијата. Свое обраќање пред присутните на трибината, ќе имаат – Борче Цветков како прв човек на струмичките социјалдемократи, членот на Извршниот одбор на СДСМ и актуелен градоначалник на општина Струмица – Костадин Костадинов и претседателот на партијата и актуелен претседател на Владата на Република Северна Македонија – Димитар Ковачевски.

– Ве очекуваме во среда во 20:00 часот во спортската сала „Парк“ во Струмица за да бидете сведоци на „Силно и одлучно кон иднината“, трибина која ќе ви го предочи сублиматот од сработеното на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во изминатиов период, но и редица други нешта кои ја отсликуваат реалната слика на македонската политичка сцена, велат од СДСМ Струмица.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +