Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Премиерот Ковачевски во посета на Општина Струмица

Денеска премиерот Димитар Ковачевски ќе присуствува на неколку настани во Струмица. Агендата започнува во 12:30 часот со отворање на новата градинка „Виножито“, каде што е предвидено обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и одговор на новинарски прашања.

Посетата на Струмица премиерот Ковачевски ја продолжува со присуство на настан во 14:00 часот, на кој ќе биде означен почетокот на градба на булеварски мост на реката Водочица во Струмица.

Со почеток во 14:30 часот, премиерот Ковачевски ќе ја посети локацијата каде што започнува изградба на социјална населба.

Според агендата, премиерот Ковачевски во 15:15 часот ќе го посети производствениот погон на фабриката МАКС.

Можеби ќе ве интересира

СЕ КРЧКА НЕВРЕМЕ ВО АТМОСФЕРАТА: Пороен дожд, ветер и град можни во следните денови

ДЕСК

Пукање во скопско Шишево, еден повреден

ДЕСК

АРАМИСКА СТОРИЈА ВО ЦЕНТАР: Клиент без пари го нападнал доставувачот и ги зел производите

ДЕСК