8-годишно дете од Индија убило кобра која му се замотала околу раката и му ги зарила забите во неговата кожа.
Момчето познато само како Дипак, во понеделникот било нападнато од змија во Пандарпад во индискиот централен регион Чатисгар.
Кобрата се закачила за него додека детето си играло пред својата семејна куќа и го замотала своето тело околу неговата рака, пред да го загризе за да го вбризга нејзиниот смртоносен отров.
Борејќи се со болката, Дипак бесно ја протресол раката, но не можел да се ослободи од влекачот. Во тој момент одлучил да возврати со истата мера и ги зарил своите заби во нејзиното тело, успешно убивајќи го животното.
„Змијата се замота околу мојата рака и ме касна. Имав големи болки“, раскажал Дипак за „The New Indian Express“.
„Бидејќи влекачот не се помрдна кога ја тресев раката, двапати силно го гризнав. Сè се случи во секунда“, додал тој.
Каснувањата од змии се исклучително чести во Индија – студија објавена минатата недела открила дека повеќе од 85 отсто од смртните случаи од каснувања од змии забележани во 2019 година се случиле токму во оваа земја.
Плашејќи се за животот на Дипак, неговите родители веднаш го одвеле во најблискиот медицински центар каде бил држен под надзор за да се осигураат дека успешно ќе закрепне.
Со преглед на неговата повреда, лекарите откриле дека се здобил со „сув загриз“, што значи дека кобрата не испуштила отров.
„Дипак не покажа никакви симптоми и брзо закрепна благодарение на сувиот загриз кога змијата отровница ќе касне, но не ослободува отров“, рекол експерт за змии за „The New Indian Express“.