20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Маричиќ: СДСМ секогаш била и ќе биде на вистинската страна. Нашиот избор е стабилност, просперитет, напредок и мир

Фејсбук статус на Бојан Маричиќ:

СДСМ секогаш била и ќе биде на вистинската страна. Нашиот избор е стабилност, просперитет, напредок и мир.

Ја нормализиравме државата и ја вративме на европскиот пат, денес достоинствено чекориме кон ЕУ, со заштитен јазик и идентитет.

Така најдобро се брани и сака државата, со дела, со желба и посветеност за развој на државата и визија за нејзината иднина.

Затоа сега не смееме да дозволиме деструктивните сили предводени од Мицкоски, кои сакаат да ја закочат земјата и да не вратат назад во некое мрачно минато да успеат.

Од Росоман порачуваме: ,,Силно и одлучно кон иднината“, со СДСМ и одговорниот, чесен пристап во работата, кој може да реформира и трансформира и да ја води Северна Македонија напред.