25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Сѐ што кажа Мицкоски, излажа, не се разбира ни во енергетика ни во економија

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва од трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Кавадарци порача дека Христијан Мицкоски се што кажа за кризата излажа и дека се што предвиде на крајот излезе спротивно.

„Мицкоски со месеци ја плашеше јавноста со наводен недостиг на енергенси и струја за домашниот енергетски сектор.Велеше дека јаглен има за уште два дена, а не само што има доволно јаглен, туку и термоелектраните го зголемија производството за 25 отсто.

Велеше ќе нема струја, а струја има доволно и од домашно производство. Домаќинствата, малите потрошувачи се снабдуваат со 100 отсто домашна, македонска струја, со што се зајакнува енергетската независност на државата и се штедат пари затоа што нема скап увоз. Мицкоски повикуваше да се набави гас за целата грејна сезона, во период кога цените на овој енергенс рушеа рекорди. Според неговите препораки ќе се платеа 100 милиони евра плус сметајќи по сегашната цена на берзите, а која и натаму паѓа“ порача Ковачевски.

Ковачевски посочи дека Мицкоски се уште лаже дека наводно ќе се затворале енергетски комбинати во државата.

„Мицкоски лажеше, и се уште лаже дека ќе сме ја затварале РЕК Битола, дека ќе се случела енергетска анексија. Не само што нема да се затвара РЕК, туку ќе се развива и понатаму. Фотоволтаичните централи и енергетската трансформација е започната. Ама за да го видиш сето ова треба прво да имаш знаење, а второ да имаш визија.

Се што тој кажа и предвидуваше Мицкоски, на крајот излезе погрешно, затоа што е хистерична личност и не се разбира од економија. Тој не доаѓа од реалниот сектор, тој е заглавен партиски човек во ВМРО-ДПМНЕ и единствено мисли што е добро за неговата партија а не за неговата земја„ заклучи Мицкоски.