16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ковачевски: Ја субвенционираме струјата затоа што се грижиме за граѓаните

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека Владата работи за да обезбеди електрична енергија во доволни количини, која ќе биде по цена која нема да предизвика ценовен шок. Прашан за мерките кои Владата ги презела за справување со енергетската криза, тој во интервју за ИРЛ кажа дека Владата успешно ги спроведува своите цели во оваа насока, па така и воопшто не било дозволено 60 илјади домаќинства во Скопје да останат без парно.

-Секој граѓанин треба да знае дека сметката што ја добиваат на 600 илјади домаќинства во државата и 72 илјади компании на регулираниот пазар, а тоа се мали потрошувачи коишто вработуваат 98% од работниците во државата добиваат субвенционирана цена. Таа цена ја субвенционира Владата од буџетот. Доколку не е таа субвенција граѓаните ќе плаќаа пет пати поголема сметка за електрична енергија, рече Ковачевски.

Според премиерот, уште еден доказ дека Владата работи на ублажување на последиците од кризата се сметките за топлинска енергија за летните месеци за скопјани, кои беа високи, а потоа и сторнирани, бидејќи во нив не била вкалкулирана субвенцијата.

-Обврска на Владата е за граѓаните да обезбеди цена, која може да се поднесе и да се плати, кажа Ковачевски.

Спонзорирано: