Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Први во регионот- 5% од буџетот насочивме кон антикризни мерки

Премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за ИРЛ потенцираше дека од Буџетот се издвоени 5% за антикризни мерки, пакет кој е најголем во регионот за што потврда има и од Светска банка.

-Сите мерки се проектирани врз основа на експертски мислења, опсежни анализи и одлуки кои ги носи Владата. Ова не е време на изобилство, ова е време на штедење и на солидарност. Државата треба да биде таа која нема да финансира изобилство, туку ќе финансира најранливи категории на граѓани. Затоа пензионерите со најниски пензии од 11.525 денари, пензионерите до 14.000 денари ќе добиваат во наредните четири месеци дополнителна финансиска помош. Тоа се 130.000 пензионери, 41.000 наши сограѓани од најранливите категории каде влегуваат различни категории на граѓани од самохрани родители, до стечајни работници и други ќе добиваат исто така финансиска поддршка, рече Ковачевски.

Тој потсети дека најсиромашните 4.000 семејства добиваат финансиски додаток за огрев или електрична енергија зависно од тоа што го користат за греење.

-Сè со цел да може најранливите да бидат обезбедени во текот на оваа најтешка зима која што е пред нас, рече премиерот Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК