Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМАТОП ВЕСТИ

ДРАСТИЧНА ПРОМЕНА: Синоптичарите издадоа вонредно метео-предупредување за викендот – Метеоцентар со детална прогноза за времето во следните четири дена

За време на викендот под влијание на циклонска активност од Медитеранот ќе преовладува облачно време со поремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2), особено од сабота кон крајот на денот до недела претпладне.

Во сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 км/час) од југоисточен правец. Дневната температура до недела насекаде ќе опадне за 6 до 8 степени во однос на денешната.

Прогноза за 06.11.2022
Минимална температура: 5°C до 13°C
Максимална температура: 11°C до 16°C

Облачно и свежо со врнежи од дожд, на места поројни и обилни. Претпладне ќе дува умерен до засилен источен до југоисточен ветер.

Прогноза за 07.11.2022
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 15°C до 19°C

Променливо облачно и свежо со променлив ветер. Наутро со услови за појава на магла во котлините и речните долини.

Прогноза за 08.11.2022
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 14°C до 18°C

Променливо облачно и свежо со претежно јужен ветер со услови за појава на магла во утринските часови.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО СКОПЈЕ: Дете паднало и било влечено по улица откако било фатено за рака од лице на мотор

ДЕСК

РАСПРАВИЈА ПРЕРАСНАЛА ВО ТЕПАЧКА: Полицијата расчистува случај на тепачка меѓу жена и девојка на Бит Пазар

ДЕСК