Младите ѕвезди Лара Иванова и Пајак се познати како исклучително перспективни музичари, а нивниот нов дует „Bella“ донесе модерен младешки звук на домашната музичка сцена.
Хитот „Bella“ со кој се претставија на овогодинешното издание на Макфест, е спој помеѓу трап и поп музиката, а дека публиката е воодушевена, го потврдува фактот што веќе недела дена се наоѓа на третото место во трендинг на YouTube каналот.
Успехот на песната се должи на комбинацијата на нивните импресивни вокали и младешката позитивна енергија со која зрачат овие двајца млади пејачи.
„Одлично се надополнувате двајцата,браво“,„Svaka cast! Predobra pesma! POZDRAV IZ SRBIJE! “10/10 Само вака продолжете !“, се само некои од коментарите под песната.
Инаку, ова е прв пат Лара и Пајак да „вкрстат“ гласови, но со оглед на тоа дека хитот има многу добар фидбек од публиката, сигурно нема да биде последна соработка.
Текстот и музика на песната се со потпис на Пајак, а аранжманот е дело на Иван Јованов -Ивајо.