Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

196 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (31.10.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 196 возачи. Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 81 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Граѓаните кај своите матични лекари ќе може да потпишат изјава за согласност за органдонорство

C +

Министерот Муцунски учествуваше на настан на Атлантскиот совет во Вашингтон

C +

Од утре важат новите правила на границите со земјите од Европската Унија

C +