7.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Битола: Вечерва тетар за деца и младинци, утревечер кореографијата “Котел” на Рисима Рисимкин и изложбата “Опера, драма, балет” на Благој Мицевски

Како дел од програмата по повод Денот на ослободувањето на Битола, вечерва од 19.00 часот на Нова сцена во Центар за култура, гостува Театарот за деца и младинци од Скопје со претставата „Некој нека ми каже колку сум важен“. Интересот е голем, а бесплатните билети веќе се поделени.

Утревечер, на 02.11 со почеток од 19.00 часот во Офицерскиот дом, како дел од оваа програма која ја организира општина Битола, заинтересираните ќе можат да ја погледнат изложбата на Благој Мицевски „Опера, драма, балет“. Изложбата се фокусира на проекти реализирани во последната декада со автори кои најмногу влијаеле и ја одбележале работата на Мицевски во тој период.

Диего Де Бреа е режисер од Словенија, со кого соработувал при реализација на опери во Братислава и Љубљана, како и на голем број театарски претстави во Битола, Скопје, Белград, Цетиње и Сараево.

Џон Блондел е режисер со кого соработувал на повеќе претстави, заедно со неговата трупа „Лит Мун“ во Санта Барбара, Калифорнија, но и на претстави реализирани во Битола и во Битолскиот театар, која имаше премиерна изведба во лондонскиот „Глоуб“ во 2012 година.

Рисима Рисимкин, нашата најуспешна кореографка, со која соработува од нејзините почетоци во областа на балетската уметност па се до денeс. Заедно работеле на голем број проекти во Македонија, но и на балетски претстави во Љубљана, Ротердам, Анталија и во Пекинг. Многу од проектите гостувале на престижни фестивали како во Холандија, Америка и во Кина. Оваа година се претставија и пред публиката во Париз, во престижниот театар за танц „Шајо“, за што добија и одлични критики.

Во 20.00 часот, четвртоноемвриската програма на општина Битола, продолжува токму со Кореографијата „Котел“ на Рисима Рисимкин, во Центарот за култура во организација на Интерарт културен центар. Музиката е на Тони Китановски, а костимите на Благој Мицевски.

Настапуваат танчерите на танцовиот театар Скопје, заедно со студентите на Катедрата за современ танц при УГД.

Во 21.00 часот во кугланата на Спортската сала „Боро Чурлевски“, ќе биде отворено Градското кугларско првенство, во организација на Кугларскиот клуб „Пелистер – 1982“ и „Пелистер ПИН“ од Битола.

Спонзорирано: